Даниела Станковска Плачковска е нова в. д. директорка на Агенцијата за филм. Станковска-Плачковска доаѓа на местото на Владимир Ангелов, кој неодамна поднесе оставка од функцијата. Тој ја водеше Агенцијата само неколку месеци.
Станковска Плачковска е дипломиран политиколог и магистер по културологија. Од 2008 е вработена во Агенцијата за филм, каде досега беше раководителка на Секторот за развој на филмската деjност, а од април 2022 е и доцент при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима” во Скопје.
Таа била национален претставник во Европската мрежа на филмски комисии EUFCN, член на извршниот комитет на SEE Cinema Network, како и член и заменик национален претставник во истоимената организација, Претседател на меѓуресорската комисија за утврдување на условите и критериумите за одобрување на средства и обезбедување на предлог за исплата на средства наменети за производство на домашна документарна и домашна играна програма во Министерството за информатичко општество и администрација, член на Комисијата за право на поврат при Агенцијата за филм.
Станнковска Плачковска е автор на книгата „Филм и филмска писменост- Писменост на подвижни слики-филмско образование- филмска писменост; Развој на критички, креативни и културни вештини-клучен елемент на писменоста на XXI век- од рамка до влијание’’ (2023 год.), како и еден е од авторите на две изданија на брошурата Location and Production Guide, ко-автор на пет изданија на каталогот за Македонската филмска продукција, како и има учество во реализација на Проектот „Филмографии’’(податоци од Филмскиот фонд на РМ).
Исто така, на нејзина инцијатива во декември 2021 год. беше формирана Работна група за филмскаписменост како дел од структурата на Мрежата за медиумската писменост, и е кординатор на истата. Во делот на филмот и филмската писменост е иницијатор, организатор и реализатор на повеќе активности во 2022 год. и 2024 год во кои се вклучени ученици од основните училишта.
Од април 2022 год. е избрана за доцент при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима’’- Скопје (по група предмети од областа на Продукција и менаџмент)





