Уметниците на Њујорк, 20 години по 11 септември

Терористичкиот напад на Њујорк на 11 септември неповратно го смени животот во Соединетите Американски Држави. Освен што предизвика далекусежни последици врз политиката и националната безбедност во земјата, тие се одразија и на творештвото на многу уметници, особено на тие што се затекнаа во Њујорк на овој ден. На 20 годишнината од нападот на Светскиот трговски центар, The Art Newspaper побара од неколку уметници да се потсетат на нападот и како тоа се одрази на нивната работа.

Утрото кога два авиона се урнаа во кулите на Светскиот трговски центар, уметниците Мајк и Даг Старн работеле во нивното студио во Бруклин, оддалечено една и пол милја од облакодерите. На улицата почнале да паѓаат хартии и писма од сите страни. Во тоа време, уметниците, браќа-близнаци, создавале уметнички дела во кои вметнувале лисја паднати од дрвјата.
– Кога хартиите почнаа да паѓаат околу студиото, веднаш излеговме да ги собираме. Тие припаѓаа некому, моравме да им помогнеме. Тоа беа делови од животите на многу луѓе што загинаа. Не можевме да ги оставиме како ѓубре – раскажуваат браќата.

Шокот од 11 септември ги понел да ја создадат серијата „Паднати“ (Fallen).
– Ги обложивме хартиите со сребрен желатин и ипечативме фотографии од лисја. Хартиите што паѓаа од небото беа како есенско лисје. Листовите се белите дробови на дрвјата – впивајќи го сонцето го градат дрвото со таа светлина. Низ овој процес се надевавме дека ќе ги видиме животот и смртта преку овие хартии – објаснуваат браќата Старн.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Сподели