Децата во Македонија имаат „кликер“ за наука, но дали возрасните имаат „кликер“ како на вистински начин да им ја претстават на децата? Што се случува во најниските нивоа на образование, зошто македонските ученици упорно покажуваат лоши резултати на меѓународните тестирања. Каде грешиме? Ова се дел од прашањата што ги отворивме со Драгана Стикова, директорка на Фондацијата „Кантарот“ што ја издава платформата Наука за деца во #12 епизона да „Умен поткаст“, последна од втората сезона.
Стикова зборува за почетоците, како од пандемијата се роди нешто убаво, платформата со научни видеа на македонски јазик прилагодена за основци, која се разви во многу поширока мисија за промоција на науката во Македонија, научни работилници во многу училишта во земјава, конференции за наука, поддршка на талентирани ученици. Следете нè утревечер, 15 јануари во 19 часот на Јутјуб каналот 101PodcastStudio.





