Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје ќе го одбележи Меѓународниот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, денеска во 10 часот во ректоратот на УКИМ. Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова ќе им ги врачи наградите за најдобри научници и уметници на УКИМ за 2022 година.
– На Светскиот ден на науката за мир и развој, промовиран од Обединетите нации, се потсетуваме на значајната улога која ја има науката во нашето општество и нашиот секојдневен живот. Токму поради тоа УКИМ, секоја година го одбележува овој ден – велат оттаму.
Во 10.30 часот ќе следува дебата на тема „Науката на УКИМ во функција на подобро општество“.





