Учениците од 1. и 2. и 4. и 5. одделение добиваат печатени материјали за првото тримесечје

Материјалите за учење според новите наставни програми за 1. и 2. и 4. и 5. одделение се отпечатени и се дистрибуираат во училиштата, соопшти Министерството за образование и наука.

– Учениците нема да добијат скрипти, туку квалитетни, креативни материјали кои го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани – велат од МОН.

Тие инфомираат дека паралелно до училиштата се врши и достава на учебниците за сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто. МОН апелира до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училишен ден.

Сподели