Од печат излезе монографијата „100 години струмичка ликовна уметност“, проект што го реализира Здружението за култура „Транзен“ во соработка со Општина Струмица. Поводот за изданието е отворањето на новата галерија во градот и одбележувањето на ликовната дејност во градот од 1921 до 2021 година. Во книгата се застапени 150 репродукции во боја.
Хронолошко-критичкиот осврт е на историчарот на уметноста Марјан Минов, а монографијата е збогатена и со рецензии од каталози, сведоштва и спомени од повеќе писатели, хроничари, историчари и уметници. Уредник на монографијата е Никола Пијанманов, а главен стручен соработник е ликовниот уметник Ниче Василев. Дизајнот и ликовното обликување е на Тиме Гарванлиев.





