Во чест на сценаристот и писател Анте Томиќ, вечерва во 20 часот во летното кино на Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Устав на Република Хрватска“ во Кинотеката. Анте Томиќ, Миљенко Јерговиќ и Александар Прокопиев ќе зборуваат за филмот чиј режисер е Рајко Грлиќ. Проекцијата на филмот е дел од програмата на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што беше отворен синоќа во Даут-пашиниот амам, а Томиќ и Јерговиќ се негови гости. „Устав на Република Хрватска“ е добитник на повеќе од 30 награди, а епизодна улога толкува и нашата актерка Јелена Јованова-Периќ.

Тркалезна маса на темата „Литературата во време на пост-вистината“ ќе се одржи денеска во 13 часот во Europe House Скопје. Настанот е затворен за публика, но ќе биде обезбеден стриминг на фејсбук-страницата на фестивалот.

Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на „Скопје fellowship“ програмата. Модератор ќе биде Владимир Јанковски.

Веднаш потоа, членовите на „Скопје fellowship“ програмата ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи, со цел да се разговара за идни можни соработки и преводи на македонски автори на други јазици.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.