Во рамките на проектот „Студентска музичка пролет“, денеска во 18 часот онлајн-предавање ќе одржи проф. д-р Соња Здравковска-Џепароска. Таа ќе зборува на темата „Танцовите мотиви во македонскиот фрескоживопис“. Модератор на предавањето ќе биде проф. д-р Мира Беќар.
Не само што на ѕидовите на црквите пронаоѓаме богатство од танцовите мотиви, тие дополнително ни даваат уникатни информации за изведувачките практики. Фреските ги запечатиле изведбите на средновековните патувачките трупи, т.е. скомрахите. Бидејќи изведбата е временски и просторно ограничена и таа исчезнува со заминување на исполнителите од сцената, а записи за овој вид на изведба речиси и немаме, фреските ни се можеби единствените веродостојни извори. Тие ни даваат информации за формата на изведбата, бројот на изведувачи, додатоците што ги користеле во изведбата, инструментите итн. Оваа наивна потреба од пронаоѓање на танцовите тела во релиозните објекти резултираше со пронаоѓање на клучни информации за средновековната изведба и нејзините разновидности, вели Здравковска-Џепароска.





