Две бронзи и две пофалници за нашите математичарки на ЕГМО

Уште еден голем успех доживеа македонската репрезентација на Европската женска математичка олимпијада, што се одржува во унгарскиот град Егер. Со бронзен медал се закитиа Јасна Илиева и Марија Атанасова, а пофалници освоија Емилија Николовска и Ивона Зикова.

Два бронзени медали и две пофалници освои нашиот четиричлен тим. Нивната менторка, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска сподели со јавноста за големиот успех.

– И така уште една успешна математичка приказна се ближи кон крајот. Остана само да прославиме. Две бронзи и две пофалници и уште подобар тимски резултат од лани. Браво девојки! – сподели Гацовска-Барандовска.

Менторка на нашата репрезентација беше  и Ерблина Зеќири, димпломиран математичар, виш лаборант.

Тимот во овој состав и минатата година забележа голем успех, освојувајќи златен, сребрен и бронзен медал.

фото: ЕГМО 2022

Сподели