Тамара Котевска го снима својот прв долгометражен филм „Човек против јато“

Режисерката Тамара Котевска го снима својот прв долгометражен игран филм, „Човек против јато“. По успесите со долгометражните документарци („Медена земја“ и „Патување пеш“), Котевска го снима своето долгометражно играно деби. Филмот се одвива во рурална Македонија, каде изградбата на нов автопат го разурнува мирот на едно мало село и ја соочува традицијата со модернизацијата.

Настапуваат: Кирил Андоновски, Верица Недеска, Лола Трендафиловиќ, Горан Богдан, Тони Наумовски, како и актери од Македонија, Хрватска, Германија, Холандија и Бугарија. Филмот се реализира во продукција на „Видео студио Петковски“, во соработка со партнери од Хрватска, Грција, Турција, Србија и Црна Гора, и е финансиски поддржан од Министерството за култура на РСМ, „Еуроимаж“ и филмските центри на соработничките земји.

За „Медена земја“, Котевска освои две номинации за „Оскар“ за „Медена земја“, а доби награди и на фестивалот „Санденс“.

Сподели