Медали за наши ученици на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ во Несебар, Бугарија

Со 12 медали се вратија седуммина ученици од Меѓународниот натпревар „Математика без граници“ што се одржа во училиштето „Љубен Каравелов“ во Несебар, Бугарија. Младите математичари од Македонија ги предводеше наставничката Анкица Спасова. Нашите ученици се закитија со по пет сребрени и бронзени медали и еден бронзен куп и 1 ѕвезда. Учествуваа 1200 ученици од 13 држави – Македонија, Азербејџан, Бугарија, Естонија, Казахстан, Киргистан, Малта, Романија, Србија, Турција, Узбекистан, Украина и Филипините.

Македонски претставници на „Математика без граници“ беа:

Јана Спасова, ОУ „Мирче Ацев“ од Скопје,
Анамарија Дафчева, Михаил Лалевски, Андреа Кулевска од ОУ „Тихомир Милошевски“ – Скопје,
Македон Димитровски Nova International School – Тетово
Ања Поповска Тетово – „Лирија“
Тодор Тодоров Гевгелија – „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија

Сподели