„Таксират“ годинава имаше друга енергија. Нова млада публика, желна за звук што тие го сакаат. Турскиот рапер-дисидент, Ezhel беше своевидна ѕвезда. Специјално за него допатуваа фанови од Истанбул. Тие беа пред влезот уште пред да се отворат вратите. Мултиталентираниот Ezhel е еден од најпочитуваните претставници на новата современа сцена од Турција, со уникатен спој на берлинскиот и анатолискиот стил. Живее во Германија, во Турција е забранет, па гостувањето на „Таксират“ беше шанса неговите фанови да го гледаат во живо. Неверојатна еуфорија по него…

„Дубиоза колектив“ уште еднаш потврдија дека се едни од најголемите Балканот, со своја публика која дојде на „Таксират“ масовно, само за нив. И атмосферата е уникатна само за нив.

Настапи „ЛД Пистолеро“ со третиот соло-албум „Друга клапа“, кој излезе во јуни годинава. Њујорчаните Onyx покажаа што значи да се опстојува скоро 40 години на хип-хоп сцената. Настапија во Скопје по 15 години. Овој бенд силно влијаеше на глобалната популаризација на хип-хоп културата во светот.
Фото: Тоше Огњанов

















