Огромен успех на „Приказната за Силјан“ – награди за најдобар филм и камера на Интернационалните документарни награди во Лос Анџелес

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска триумфираше на 41. Интернационалните документарни награди (IDA Documentary Awards) во Лос Анџелес, освојувајќи ја наградата за најдобар документарен филм и најдобра камера за Жан Дакар.

– Ова е мојот најличен филм досега. Го посветувам овој успех на сите документарни воини ширум светот – изјави Котевска.

IDA признанијата важат за едни од највлијателните во светот на документарниот филм и се сметаат за еден од најсилните индикатори за успех во оскаровската трка. Добитниците многу често се наоѓаат меѓу номинираните, но и меѓу добитниците на „Оскарите“. Овој успех ги зацврстува шансите на „Силјан“ во двете категории во кои се натпреварува во претстојната оскаровска сезона. Потесниот избор за Оскарите ќе биде објавен на 16 декември, а финалните номинации на 22 јануари 2026 година.

Филмот, откупен од National Geographic Documentary Films, веќе предизвикува силен меѓународен интерес и го поставува македонското документарно творештво на значајно место во глобалниот филмски простор.

Сподели