Светски планинарски искуства: Сашко Кедев гостува во Офицерскиот дом во Битола

Освоил осум од 14-те светски највисоки врвови, сите над 8.000 метри надморска височина. Своите искуства македонскиот планинар, кардиохирургот д-р Сашко Кедев ќе ги претстави вечерва во 18 часот, во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола.

– Само во минатата година тој искачи три вакви врва, а пет врва искачи во 2009, 2021 и 2022 година – велат организаторите.

Настанот го организираат Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ и Културно-информативниот центар од Битола.

Сподели