Студентите од УКЛО КОЛОРС вклучени во иновативни решенија за еднаквост, различност и инклузиja

Членството на УКЛО во КОЛОРС Алијансата потврдува како и на кој начин студентите се во центарот на КОЛОРС. Многу слично како и на самиот УКЛО, студентите се дел одлучувачките и предлагачките тела, во сите процеси – во улога на организатори, реализатори и корисници на придобивките. Најновиот пример од нивната директна активност е одржана работилница за подобрување на политиките за еднаквост, различност и инклузиja на универзитетско ниво.

Станува збор за дводневен, интерактивен настан, со корисни практики и стекнати знаења што се широко применливи. Искуствата од работилницата студентите од УКЛО КОЛОРС ги искажаa во специјален прашалник наменет за испитување на нивните мислења во којшто ја посочија успешноста на работилницата и ефектите што би требало да се постигнат: како може да се подобрат политиките за едноквост, различност и инклузија на УКЛО.

Се запознавме со структурирано решавање на проблемите со примена на методологија позната како Дизајн размислување – Design Thinking, пристап кој нуди можност да се примени на било кој предизвик, што ни овозможи рамка за постигнување иновативни решенија, вели Леа Бошевска.

40-ината учесници во работилницата биле поделени во неколку групи, размислувале за конкретен проблем со користење на новата метода – за тоа како да се добие добра идеја и да се понуди применливо решение.

За студентката Викторија Брдаровска, учеството во работилницата е поттик за креативно размислување, со што полесно ќе можат да се соочат со секој општествено–социјален предизвик.

Студентската Ангела Трајковска импресиите од работилницата ги поврзува со  начинот на организација на настанот како интересен и интерактивен и таа смета дека успеале креативно  да го потрошат времето во размислување за чувствителни  прашања од перспектива на студенти на нивниот универзитет.

Зорица Станковска посебно ја нагласува можноста да се дискутира за концептите: еднаквоста, различност и инклузивност кои се однесуваат на различни аспекти на општествените односи во различни средини, и во конкретниот случај, во образовни институции, што за неа е посебно интересно.

Студентите воедно се неподелени во ставот дека ги радува пристапот дека секој личен став е вреден, особено на младите луѓе кои размислуваат на теми за создавање униеврзитетска средина каде што сите се прифатени, каде што се вреднуваат различни искуства и способности и каде што на сите им се даваат еднакви можности за учество и успех.

Не помалку впечатливи се и ставовите на Џан Демироски. Неговата оценка е дека со вклучување во заедничка работа, како дел од поширок сојуз на европските универзитети за актуелни и чувствителни теми за еднаквост, различност и инклузија се почитува придонесот на секој студент, особено што нивните увиди и идеи може да имаат значајна улога во обликувањето на дијалог и акционен план на целиот континент за EDI.

Студентите воедно се неподелени во ставот дека ги радува пристапот дека секој личен став е вреден, особено на младите луѓе кои размислуваат на теми за создавање универзитетска средина каде што сите се прифатени, каде што се вреднуваат различни искуства и способности и каде што на сите им се даваат еднакви можности за учество и успех.

Учесниците работеа во групи со претходно подготвени материјали. Секоја група развиваше решение за одреден проблем инициран од самите студентите, со примена на методологија позната како IDEATE (Inclusion and Diversity Education through Applied Design Thinking for Equality), којашто нуди Дизајн размислување – Design Thinking, подготвена на ниво на Алијансата, координирана од претходно оспособени обучувачи на ниво на КОЛОРС.

На работилницата што се одржа на 20 и 27 декември на Правниот факултет при УКЛО активно учество зеде професорката Елена Тиловска – Кечеџи.

Правниот факултет при Универзитетот Св. „Климент Охридски“ е дел од работниот пакет 5 во рамките на проектот КОЛОРС  кој има за цел да формира унија од девет универзитети со иста визија за заедничка соработка и трансформација наменети за потребите и предизвиците на денешното време. Алијансата која е составена од овие девет универзитети цели кон создавање на вредности и цели кои се иновативни но и одржливи. Во рамките на овие иновациски методи беше организирана и Работилница за подобрување на политиките за еднаквост, различност и инклузија со студентите од Правниот факултет.

– Работилницата беше спроведена со примена на IDEATE методологија која следи постапка на специфичен Design Thinking метод подготвен од страна на Алијансата. Сметам дека овој метод на едукација е од огромно значење и за професорите и за студентите, бидејќи со овој пристап студентите можат полесно да се адаптираат кон интерактивниот процес, слободно да дебатираат и да ги споделуваат своите размислувања. Во овој пристап постои обостран процес на учење. По завршување на работилницата добив впечаток дека ваквиот начин на интерактивна настава им се допадна на студентите бидејќи воочив огромна креативност во нивните одговори, размислувања, но и во нивните заклучни презентации. Проблемите кои беа дискутирани беа суштински елаборирани и беа предложени интересни и иновативни решенија за различни проблеми за тоа како да се подобрат политиките за еднаквост, различност и инклузивност – вели Тиловска – Кечеџи.

Академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска и раководителот на пакетот, проф. д-р Горан Илиќ, оценуваат дека вредните ставови на студентите од УКЛО ќе се споделат со нивни колеги од партнерите во работниот пакет 5 од Алијансата. Очекуваат дека нивните мислења ќе дадат значаен придонес и ќе имаат важна улога во работата на Алијансата КОЛОРС, во делот за адресирање на критичните прашања за еднаквост, различност и инклузија чија комбинација како концепти е важна за градење на праведно и хумано општество.

Сподели