Студенти од студиската програма Моден дизајн при Факултетот за уметност и дизајн на Меѓународниот балкански универзитет учествуваа на Модната недела во Сибиу, Романија. На настанот учествуваа неколку универзитети од регионот кои ги претставија модните колекции изработени од студентите. Од МБУ учествуваа студентите: Маригона Рахмани, Ринеса Ахмети, Хава Јахја, Суреја Јакупи, Сара Саид, Есра Фазлији, Оја Осман, Христина Ѓорѓиева, Берна Ахмед, Луна Аврамовска и Ебру Калинка.
– „Сè што е создадено од природата повторно се враќа назад во природата“. Студентите од прва и втора година на моден дизајн беа инспирирани од природата од нејзиното естетско и практично значење. Тие надоградија стари дизајни и им дадоа реобликување на старите модели за повторно да бидат во употреба. Со овој метод, студентите ја подигнуваат свеста за реконструкција на мислата како се однесуваме кон облеката и трендовите денес. Студентите од втора година беа инспирирани од облиците и формите на природата, наоѓајќи начини за неумерена и инкорпорирана природа преку дизајн – велат од МБУ.
Меѓународниот балкански универзитет е основан во 2006 година со своја локација и кампус во Топанско Поле, Скопје, предавањата се на англиски јазик и доделува стипендии за студентите и двојна акредитација. Составен е од следните факултети:
Факултет за економски и административни науки;
Инженерски факултет;
Правен факултет;
Стоматолошки факултет;
Факултет за образование;
Факултет за хуманистички и општествени науки;
Факултет за уметност и дизајн;
Стручно медицинско училиште;
Училиште за англиски јазик;
Магистерски програми и докторски студии.





