Студенти создаваа апликација базирана на иновативна сентиментална психологија

Овие типови на соработка се многу важни, со образовните институции се споделува што се работи во самите компании. Тоа е реално знаење – вели Тамара Димитрова, лидер на тимот на Culturetec

За 7 недели, 7 студентски тимови од Brainster Next College работеа со 7 експерти од ИТ-компанија и креираа 7 апликации наменети за истражувања и практично учење. Апликациите ќе се користат за анкети базирани на иновативна сентиментална психологија – со помош на машинско учење се проценува дали одговорот на испитаникот е позитивен или негативен.

Со студентите работеа експерти од Culturetec, стартап што работи во рамки на ИТ-компанијата Intertec. Тамара Димитрова, лидер на тимот и ментор на студентите вели дека во процесот ги вклучиле најдобрите практики што ги користат во секојдневната работа. Студентите практично го поминале целиот процес на продуктно инженерство.

– Овие типови на соработка се многу важни, со образовните институции се споделува што се работи во самите компании. Тоа е реално знаење. Студентите веќе знаат што ги очекува кога ќе дипломираат и тие се подготвени за новите технологии што се користат во секојдневната работа – вели Димитрова.

Студетите работеле на задача во која е вклучена иновација. Тие креирале апликација за анкети која содржи исклучиво прашања со отворен одговор. Целта на задачата не е само за да сфатат каде може да се користи, туку како да дизајнираат, да ги развијат функционалностите.

– Денес не постои успешна апликација, која не содржи нешто од машинско учење и вештачка интелигенција внатре. Отворените прашања беа одбрани токму со таа причина, бидејќи врз нив може да се применат техники од AI – вели Димитрова.

Според неа, не е баш едноставно да се направи ваква апликација бидејќи иако има многу системи за анкетирање, ретко која користи сентименална анализа.

Изминатитре 7 недели за студентите биле возбудливи, напорни, но и бескрајно испиративни бидејќи директно црпеле практично знаење од експерти од Culturеte.

Александар Клашниновски, генерален менаџер на Brainster Next College вели дека една од целите што сакаат да ги постигнат со факултетот е индустријата да ја донесат во образованието, а студентите во компаниите уште за време на студиите.

– Студентите се соочија со многу предизвици, беше тешко, но така функционира реалниот живот. Секогаш ќе имате проекти што не одат според планот, кои ќе бараат да се вложите многу. Но, ова искуство нема да се заборави – вели тој.

Студентот Давид Петковски вели дека е особено благодарен на можноста да биде дел од ваков проект, да учи од менторите, но и на факултетот што им овозможува ваков тип на настава.

– Најголемата вредност за мене и моите колеги е тоа што се соочивме со учење на нови технологии и алатки. Тоа беше истовремено и најпредизвикувачки и секако дека немаше да постигнеме успех без поддршката од нашите ментори – вели Петковски.

За студентот Леонид Марковски, завршувањето на оваа задача била огромно искуство кое му овозможило да го покаже своето разбирање за принципите на софтверското инженерство во практично опкружување.

– Дизајнирањето и имплементирањето на апликација за истражување опфаќаше различни аспекти на развој на софтвер, од анализа на барања до тестирање и распоредување. Тоа не само што го засили моите технички вештини, туку ја нагласи важноста на дизајнот и итеративниот развој кој е фокусиран на корисникот. Генерално, овој проект беше непроценлива можност да се примени знаењето од факултетот на сценарија од реалниот свет, подготвувајќи ме за идните предизвици во областа на софтверското инженерство – вели Марковски.

Според Александра Велева, раководителка на Одделот за човечки ресурси во Intertec, ваквиот тип на вмрежувања се неминовност.

– Го увидовме јазот помеѓу вештините и она што нуди образованието и она што го бараат компаниите, како за техничките, така и за оние меки вештини. Сите ние сме свесни за чувството на неподготвеност за која било работа само врз база на факултетот. Мое лично искуство е дека теоријата што се учи на факултетите е многу далеку од реалноста, затоа е добро рано да се изложат студентите на контакт со компаните – вели таа.

Brainster Next College има акредитации за две студиски програми, Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн. Целосен фокус на наставата е на праксата за студентите да се здобијат со практични вештини кои ги бараат ИТ- компаниите.

Сподели