„Стотројка: Нова пролет“ задутре во „Котур“

Музичкиот „Канал 103“ почнува со прослава на 35 години од своето постоење со „Стотројка: Нова пролет“ што ќе се одржи задутре (21 февруари) во 20 часот во „Котур“ во Скопје. Ќе настапи Bneleti („Земја на темнината“ на архаичен грузиски јазик), соло проект на Бен Вилер, американски музичар, композитор и етномузиколог со адреса во Тбилиси, Грузија. Неговата работа е фокусирана на фолклорната традиција на Кавказот, со посебен интерес за загрозени јазици и речиси исчезнати инструменти. Следи настапот на Дарко Медарски кој во изминатите неколку години интензивно истражува и работи на полето на современата електронската музика. Вечерта ќе ја заокружи Тео Симоновски од „Стотројка“, со диџеј сет.

Јубилејната година ќе биде одбележана со настани во и надвор од радиото, кои ја нагласуваат улогата на „Стотројка“ како радио дом на заедницата, јавен простор за современа музика, слободна мисла и независна културна продукција.

Дизајн на плакат: Кристијан Новковски

Сподели