Претставата „Кец на десетка“ по стоти пат ќе биде изведена на камерната сцена на Македонскиот народен театар во Скопје на 19 февруари во 20 часот. Претставата девет години по премиерната изведба, живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново.
Улогите ги толкуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан/Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.
– Комичните ситуации и спонтаната комуникација со публиката произлегуваат од вешто обликуваниот текст на Митко Бојаџиски и од колективната режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, кои на претставата ѝ даваат препознатлив печат и автентичен сценски шарм. Овој јубилеј сведочи за тоа дека „Кец на десетка“ е претстава со долготрајна сценска вредност и постојан интерес од публиката – велат од МНТ.





