Стипендии за истражувачки престој во Германија

Фондацијата за животна средина на Германија ДБУ, Deutsche Bundesstiftung Umwelt (DBU) нуди одлична можност за истражувачки престој во Германија во траење од 6-12 месеци и тоа на универзитети, институти, невладини организации или во приватни компании. Кандидатите избираат домаќин институција по свој избор. 11 студенти досега ја искористиле оваа можност од Македонија. Програмата е отворена за сите дисциплини.

Кандидатите треба да имаат завршено мастер-студии во последните 5 години, а може да работат и актуелно на докторат. На 20 јануари во 17 часот се организира зум-средба за повеќе информации, на следниот ЛИНК.

Рок за аплицирање два пати годишно: 5 март и 5 септември
За повеќе инфо пишете на: frosinamia@gmail.com или на следниот ЛИНК.

Што нуди ДБУ:

– Стипендија за 6-12 месеци по ваша желба
– 1350 евра месечно (за покривање на трошоци за престој и храна)
– Здравствено осигурување
– Интензивен курс по германски јазик
– Вмрежување со експерти и ментори од вашата струка и вашето поле на интерес од
Германија и цела Југоисточна Европа

Сподели