Во просториите на Бреинстер Некст колеџот, денеска од 10 часот ќе се одржи полуфиналето на натпреварот „Милионер“. Станува збор за најголемиот средношколски бизнис натпревар во државата – „Средношколец милионер“. По рекордните над 34.000 гласови од јавноста на вебсајтот http://milioner.mk и огромниот интерес низ целата држава, избраните 20 најдобри тима ќе го одржат својот 90-секунден elevator pitch пред основачот и извршен директор на Бреинстер групацијата, Петар Ниновски, во битката за влез во финалето и најдобрите топ 10 идеи.

Настанот вклучува подготовка за презентациите на 20-те полуфиналисти, 90-секундни „elevator-pitch“ презентации на сите полуфиналисти и избор на најдобри 10 идеи кои одат во големото финале в недела пред реални инвеститори, во кое ќе се борат за наградата од 1.000.000 денари.

Настанот е дел од иницијативите со кои „Бреинстер“ ја спроведува својата визија за подобрување на бизнис-климата, претприемачкиот екосистем и кадровските капацитети во Македонија во време на новата технолошка револуција, и конкретно, ги охрабрува младите да развиваат препознатливи бизнис идеи со реален потенцијал, поддржани од ментори, претприемачи и бизнис-лидери.





