Шестата инклузивна танцова претстава „Сонот на едно дете“ во продукција на танцовото студио „Еурека“ ќе биде изведдена утревечер во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет. Танцуваат 300 члена на студиото, со и без попречености. Кореографијата е авторска на кореографите од студиото, а музиката се внимателно одбрани популарни композиции од безвременски бајки.
Таа е гласот на сите оние што сонуваат свет без предрасуди, каде различностите не се причина за разделба, туку мост што ги спојува луѓето. За сонот на едно дете кој никогаш не згаснува, бескраен е. Различностите не прават посебни, а инклузијата е многу повеќе од прифаќање –тоа е исполнување на соништа – велат од „Еурека“.
Танцуваат 300 членови на студиото со и без попречености. Кореографијата е авторска на кореографите од студиото, а музиката се внимателно одбрани популарни композиции од безвременски бајки.





