На Широк сокак во Битола вечерва од 20 часот ќе се одржи 23. издание на фестивалот на музиката „Солстис“. На неколку локации на Широк сокак ќе настапат дестина ансамбли, групи и диџеи од различни музички жанрови. Традиционалниот еднодневен настан е најава на почетокот на богатото културно лето „Бит фест“ 2023.
„Солстис“ го одбележува Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото, а го организира Француската алијанса од Битола со поддршка на општината.






