„Солстис“ за Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото

На Широк сокак во Битола вечерва од 20 часот ќе се одржи 23. издание на фестивалот на музиката „Солстис“. На неколку локации на Широк сокак ќе настапат дестина ансамбли, групи и диџеи од различни музички жанрови. Традиционалниот еднодневен настан е најава на почетокот на богатото културно лето „Бит фест 2023.

Солстис“ го одбележува Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото, а го организира Француската алијанса од Битола со поддршка на општината.

Сподели