СММ им ги врачи медалите на најдобрите млади математичари во изминатата година

Медалите кои нашите основци и средношколци ги освоија на шест натпревари во изминатата година (три домашни и три странски), вчера им беа врачени на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Медалите им ги врачи проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседател на Сојузот на математичарите на Македонија. Беа наградени медалистите на вториот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“ (АБЦ), Македонската олимпијада за ученици до 15,5 години (ЈММО), Македонската олимпијада за ученици од средното образование (ММО), Јуниорската балканска математичка олимпијада (JBMO), Меѓународната математичка олимпијада (IMO) и Европската женска математичка олимпијада (EGMO).

На ПМФ викендов се одржа третиот меморијален натпревар „Александар Блажевски-Цане“ кој има олимписки формат. Од најдобрите резултати постигнати резултати ќе биде избрана четиричлената македонска екипа за Европската женска математичка олимпијада (ЕГМО 2022).

Насловна фотографија: Сојуз на математичарите на Македонија

Сподели