Смеата се врати во нашиот град. Најочекуваната вечер за смеа, забава, наградување – „Златна бубамара на популарноста“, синоќа ја наполни арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Неизбежната тема – како да извадиш пасош беше главна лајтмотив на вечерта. Како и секогаш, во одлично водителско издание беа Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски, а по пауза од една година, им се придружи и Сашко Коцев, а свој шмек даде и Игор Џамбазов.

Ова е листа на наградените:
Најпопуларна ТВ серија: „Тин-камп“
Балетска претстава за деца: „Петар Пан“
Трајни вредности во народната музика: Нино Величковски
Трајни вредности: Миодраг Врчаковски, текстописец
Спортист на годината: Игор Стефановски-Иџе
Концерт на годината: Владо Јаневски
Животно дело: Драган Мијалковски
Трајни вредности за афирмација на танцот: Тодор Миладинов
Трајни музички вредности: Жељко Самарџиќ
Најпопуларна актерка: Наталија Теoдосиева
Најпопуларен млад актер: Сергеј Димовски
Најпопуларна претстава: „Ало! Ало!“ – Театар Комедија
Проект на годината: СИНТЕЗА-ТАНЕЦ И МОБ
Спортски успех: Одбојкарска репрезентација
Најпопуларен спортист: Никола Ѓоргиев
Спортска легенда: Кире Лазаров
Најпопуларен илустратор: Ласко Џуровски
Најпопуларно дуо на годината: Александар и Дац
Пејачка на годината: Андријана Јаневска
Најпопуларна група: ДНК& Врчак – „Посреќна“
Албум на годината: Македонијо во срце те носиме
Популарен оркестар: Национален џез оркестар
Награда за уникатни музички вредности: Рамбо Амадеус
Посхумна награда за животно дело: Кире Костов












