Повеќе од 1000 настани во 3 години Europe House Струмица и Крива Паланка

На почетокот на оваа недела Крива Паланка и Струмица станаа епицентри на младинскиот активизам и иновативност, прославувајќи три години од постоењето на „Европските куќи“ во овие градови. Овие настани не само што ја одбележаа посветеноста на Europe House во аспирациите и креативноста на младите, туку и ја потврдија нивната улога како катализатор за општествена трансформација. Преку динамичен базар во областите што се движат од роботика до музика и дискусии што предизвикуваат размислување за усогласување на страста со кариерата, Europe House уште еднаш се покажа како светилник за новата генерација, охрабрувајќи ги младите умови да ја создадат иднината.

Во Крива Паланка, активностите се основаа околу базарот на младински иновации и вештини, прикажувајќи проекти од роботиката, вештачката интелигенција, електротехниката, гастрономијата, екологијата и музиката. Овој настан обезбеди платформа за младите иноватори да ја покажат својата генијалност, а присутните да уживаат во футуристичко истражување на младите таленти од североисточниот регион. „Кога ќе влезете на ова врата, запомнете дека Europe House Крива Паланка не е местото каде што Европската унија завршува; напротив, ова е портата кон Европската унија и вашата европска иднина“, истакна амбасадорот Гир во неговата роденденска честитка.

Од друга страна, Струмица беше домаќин на панел-дискусија на тема „Хармонизирање на страста и кариерата“, во која учествуваа влијателни личности како Миљана Кацарска, доктор по психологија; Александар Динев, млад инфлуенсер на „Тикток“; Наталија Лубеска, занаетчиски уметник; и Горан Митров, успешен млад менаџер. Панелот ги инспирираше присутните со мотивациски говори, фокусирајќи се на усогласувањето на личните страсти со професионалните амбиции, тема што длабоко допре до сите присутни на настанот.

– Искрено се надевам дека Europe House Струмица ќе го задржи целиот овој квалитет, таа ја прави и ќе продолжи да ја прави разликата и во иднина. Се надевам дека овде младите нема да ги препознаваат само вредностите што им се блиски ним, туку ќе се подготвуваат и за иднината и ќе ја водат земјата низ европскиот пат“, рече Гир во неговото обраќање во Струмица.

Во текот на овие три години, Крива Паланка и Струмица беа домаќини на над 1.000 настани, кои беа посетени од речиси 50 илјади посетители. Само лани, Крива Паланка беше организатор на 177 настани во кои присуствуваа над 6.500 учесници, додека Струмица беше домаќин на околу 200 настани, кои беа посетени од речиси 7.000 посетители. Овие импресивни бројки ја нагласуваат виталната улога што ја играат овие места на новата генерација и што ги прави незаменливи за младите од овие локални средини.

Мрежата на европските куќи во Скопје, Велес, Битола, Струмица и Крива Паланка, за скоро време ќе се прошири со нови отворања во Тетово и Струга, со што ќе се прошири и достапноста на Јуроп хаус, како и нејзината посветеност во понудата за нови можности кај младите кои досега беа надвор од нејзиниот физички дофат и со што ќе им се олесни патот до реализација на нивните идеи и иницијативи.

Сподели