Слики од Ферди Булут во Битола

Во Офицерскиот дом во Битола отворена е изложба на дела од младиот ликовен уметник Ферди Булут. Под наслов „Широк сокак во боја“ тој се претствува со циклус визуелни решенија презентирани преку женското битие.

– Тој претставува визуелен приказ на жената со користење на постапката осветлување, наспроти колористичната симбиоза на композициите – велат организаторите.

Ферди Булут е македонски сликар од помладата генерација. Излагал во Македонија, Австрија, Франција, Бугарија, Италија и Турција.

Сподели