Скопје ќе биде Европска престолнина на културата во 2028 година

Скопје ќе биде Европска престолнина на културата за 2028 година, соопштија денеска претставници од Европската комисија. Скопје беше во потесен избор беше заедно со Будва во Црна Гора. Град Скопје ја поднесе кандидатурата за Европска престолнина на културата во 2018 година во мандатот на Петре Шилегов. Министер за култура тогаш беше Роберт Алаѓозовски.

На прогласувањето во Брисел присуствуваа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Неизмерна беше нивната радост на моментот на соопштувањето.

Манифестацијата Европска престолнина на културата е воведена во 1983 година на предлог на тогашната грчка министерка за култура Мелина Меркури. До крајот на минатиот век вообичаено било еден град да е носител на титулата. Во 2000 година, на влезот во новиот милениум дури девет града ја понеле титулата. Оттогаш вообичаено е два до три града да бидат културни престолнини секоја година. Покрај Скопје во 2028 Европска престолнина ќе биде и Ческе Будјејовице во Чешката Република и еден од четирите кандидати на Франција – Руен, Бриж, Клермон Феран и Монпелје кој ќе биде соопштен во декември.

Европски престолнини на културата за оваа година се Елефсина во Грција, Темишвар во Романија и Веспрем во Унгарија. Тие во јануари ја презедоа титулата од градовите Каунас, Еш и Нови Сад кои беа Европски престолнини во 2022 година.

Сподели