Скопска премиера на „Лена и Владимир“ во „Синеплекс“

Дебитанскиот игран филм на режисерот Игор Алексов „Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“, вечерва во 20 часот ќе ја има и скопската премиера во киното „Синеплекс“. Филмот, кој е по сценарио на Александар Русјаков, ќе се прикажува и во „Милениум“, како и во други кина низ Македонија, како што се „Киноверзум“ во Штип и Велес.

Тој за тема ја има љубовта, а главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска. Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуцент е и српската „Терирем“.

– Филмот зборува за љубовта , затоа што едниот лик наоѓа љубов, каква што никогаш немал, а другиот лик наоѓа повторно смисла за животот поради некои трауми, поради кои ја изгубил вербата во љубовта и во животот – вели Илија Циривири, продуцент на филмот.

Сподели