Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски ќе ја има својата премиера во Скопје, вечерва во 20 часот во „Киноверзум“ при Домот на културата „Билјана Беличанец“. Филмот ја имаше светската премиера на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Овој месец се прикажа и на фестивалот „Браќа Манаки“, додека следни фестивалски прикажувања ќе има во САД, Италија и Узбекистан.
Главните улоги ги толкуваат: Јана Никодиновска и Марко Илиевски. Сценариото е на Ситниковски, кинематографер е Сергеј Сарчевски, монтажер – Гоце Кралевски. Музиката е на Мартина Силјановска, сценорафијата е на Александра Петковска, а костимографијата – на Марта Дојчиновска.
Продуценти се: Гоце Кралевски, Сашка Цветковска и Адријана Пруговечки.
Филмот е продуциран од „ДНФ Филмс“, во соработка со Истражувачка репортерска лабораторија и „Изван фокуса“, и со поддршка на „Вардар филм“. Финансиран е од Агенцијата за филм на Македонија и Хрватскиот аудиовизуелен центар.





