Првичната идеја беше да направиме игра во бруталистички град. Еден од колегите, Марко рече:
– Па ние живееме во бруталиситички град.
И решивме дејството да се случува во Скопје со сите препознатливи бруталистички градби, вели арт директорот Симон Стојановски од Студиото „Дарк-1“ кое развива дистописка игра за Скопје.
„Трт Балкан“ ја објави видеоприказната за видеоиграта „Скопје“ која се заснова на реални факти и постоечки градби и архитектура, но има алтернативна историја.
– Земјотресот предизвикува нешто друго. Се случува нешто што предизвикува луѓето да изгубат секаква етика и морал. Сè оди надолу, а играчот е последниот што може да го врати животот во првобитната состојба – вели Стојановски.
Поред Кристијан Талевски, главен програмер, целта на играта е да ја претстави македонската култура.





