Донирајте за бебињата на неонатологија

На Клиниката за детски болести во Скопје има 10 бебиња во одделот за неонатологија кои се борат за живот, за воздух. Неколку здруженија и хуманитарни работници организираат донаторска акција за собирање пелени број 0 или 1, влажни марамчиња, средства за хигиена – бебешки шампони, купки, креми, цуцли, шишиња…

– Можете доколку сакате да спремите пакетче со порака за некое бебе. Во месецот февруари нека бидат пакетчиња на љубов. Да не ги заборавиме и овие деца најголемите борци од мали нозе.

Донациите се собираат најдоцна до 9 февруари, за да можат истите да бидат донирани на 10 февруари – вели Иле Михајловски, еден од хуманитарните активнисти.

Организатори на акцијата се: Здружение на граѓани „Куќа на среќата“, Хуманитарната организација „Свети Спас“, фризерското студио „Марина Леа“, Иле Михајловски и Димче Каневче. Тиее велат дека донациите треба да стигнат до нив, па тие ги спроведуваат до Клиниката за детски болести. Поединечни пакети на Клиниката нема да бидат примени. Сите заинтересирани што сакаат да донираат повеќе информации на линкот.

Сподели