Сите сме еднакви и сите сме различни, а тоа и нè прави убави – порачаа учесниците во „Алиса во земјата на танцот“

„Алиса во земјата на танцот“ по сценарио и режија на Сара Кочан, е седмата инклузивна танцова претстава во продукција на студиото Dancers United, која се одржа на 1 декември во Драмскиот театар, а во чест на 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост. Среќни сме што претставата предизвика многу позитивни реакции кај публиката и огромен интерес за реализација на репризни изданија кои се надеваме ќе се случат на почетокот на наредната година, вели Сара Кочан.

– Огромна благодарност до сите кои помогнаа и го подржаа овој инклузивен настан на кој земаа учество лица со типичен и атипичен развој покажувајќи ги своите способности и кои ни помогнаа да ја испратиме едната и единствена наша порака, нашето мото, а тоа е дека „сите ние сме еднакви и сите ние сме различни, а токму тоа и нè прави убави – изјави Кочан.

Во проектот беа вклучени инклузивниот ансамбл на „Колектив Ветерница“ и здружението „Трисомија 21“ од Скопје. Во проектот беа вклучени кореографите и тренерите: Нермин Кочан, Дора Китановиќ, Јована Бончева, Евгенија Арсова, Ана Ковачка и Теодороа Ковачка.

Поддршка за претставата дадоа Министерството за култура, Драмски театар, Халкбанк, Ивона Споа од Студио за актерска игра „Прва проба“ и други.

Сподели