„Систем за рано откривање на исчезнати лица“ е темата на конференцијата што денеска во 17.30 часот ќе се одржи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Како функционира овој систем во Македонија и во светот? Каква е постапката за исчезнатите лица? Како стојат работите во меѓународната правосудна пракса во однос на ваквиот систем?
За сиве нешта ќе дискутира Ленче Ристовска, јавна обвинителка од Основно јавно обвинителство во Скопје, а ќе има и други говорници. Повеќе информации на линкот.





