Науката за „Опенхајмер“: Запознајте ги специјалните советници на Оскаровецот

„Опенхајмер“ беше награден за начинот на кој го портретира создавањето на атомската бомба. Списанието nature.com разговараше со тројцата научници вклучени во продукцијата на филмот

Филмот „Опенхајмер“ победи на доделувањето на Оскарите, освојувајќи 7 статуетки од 13 номинации, вклучително и за најдобар филм. Филмот е награден за прецизното потретирање на животот на физичарот Роберт Опенхајмер и ги преиспитува човечките и научните жртви на „Проектот Менхетен“ – истражувачката програма што ја разви атомската бомба во 1940-тите во Лос Аламос во Ново Мексико. За да биде филмот што попрецизен, режисерот Кристофер Нолан консултирал неколку научни советници за Опенхајмер и неговиот живот, како и за самиот проект, кој кулминираше со нуклеарниот тест „Тринити“ на 16 јули 1945 година и последователното бомбардирање на Хирошима и Нагасаки во Јапонија, ставајќи крај на Втората светска војна, но плаќајќи огромна цена во човечки животи.

Nature.com разговараше со тројца советници на Нолан и ѕирна зад сцената за создавањето на филмот.

Роберт Дајкграф, теоретски физичар во моментот е холандски министер за образование. Бил директор на Институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси, од 2012 до 2022 година. Опенхајмер бил на истата работна позиција од 1947 до 1966 година.

Кип Торн, теоретски физичар од Калифорнискиот технолошки институт во Пасадена, е близок пријател на Нолан и работел со него на голем број претходни проекти, вклучувајќи го и прикажувањето на огромната црна дупка во филмот „Интерстелар“ (2014).

И Дејвид Салцберг, физичар на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, работел како научен консултант за други продукции, како што е Теоријата на Биг Бенг, пред да ја примени својата експертиза на Опенхајмер.

– Во 2021 година, Нолан сакаше да дојде и да го посети местото каде Опенхајмер живеел и работел речиси 20 години. И јас живеев во таа куќа и 10 години работев во истата канцеларија што некогаш ја користел Опенхајмер. Имавме долга дискусија за Опенхајмер, но и за физиката, која ја сакав – вели Дајкграф.

Торн разговарал со Килијан Марфи за неговото портретирање на Опенхајмер.

– Го познавав Опенхајмер кога бев дипломиран студент на Принстон, од 1962 до 1965 година, и на постдокторски студии од 1965 до 1966 година. Дискутиравме за Опенхајмер како личност – вели Торн.

Салцберг бил повикан да помогне во продукцијата во сцените што се снимале во Лос Анџелес.

– Работев најмногу со менаџерот за реквизити. Тоа вклучуваше нешта како што ќе пишува на таблите или кои равенки Опенхајмер му ги предаде на Ајнштајн за да покаже дали атмосферата ќе се запали – вели Салцберг.

Целиот текст на Nature.com.

Сподели