Пишува: Maja Москов – франшизер на „Хелен Дорон“ за град Прилеп
Во современиот свет, образованието повеќе не е ограничено само на sидовите на училиштата. Иако формалното образование останува клучниот столб во развојот на секое дете – обезбедувајќи структуриран процес и систематско усвојување на знаење, неговата надополнетост со неформалното учење станува неопходна за целосен и хармоничен развој. Времето во кое живееме, бара многу повеќе. Децата денес учат побрзо, изложени се на различни стимули и имаат потреба од методи кои го поттикнуваат нивното критичко размислување и креативност. Силата на неформалното образование лежи во тоа што го отклучува потенцијалот, го гледа индивидуалниот талент, темпото и интересот. Во таквата средина се чувствува слободата да се постави дополнително прашање, да се земе иницијатива, да се изрази сопствено мислење.

Маја Москов
Прилеп има бројни талентирани деца кои заслужуваат пристап до меѓународно проверени програми што го поттикнуваат јазичното, креативното и когнитивното развивање. Една од тие програми е моделот на Хелен Дорон кој претставува признат и професионално развиен едукативен систем кој преку иновативни методи за учење англиски јазик овозможува рано стекнување на комуникациски вештини и создавање трајна љубов кон знаењето. Придобивките се многубројни, индивидуален пристап и позитивно поткрепување што гради самодоверба, мултисензорно учење, конзистентна изложеност и многу други. Овој метод е развиен врз основа на лингвистички и педагошки истражувања.
Присуството на „Хелен Дорон“ во Прилеп претставува инвестиција во иднината на градот. Со создавање на генерации кои се образовани, мотивирани и глобално ориентирани, градот го зајакнува својот потенцијал за развој, иновација и конкурентност. Она што е најзначајно во овој пристап е начинот на кој тој го поддржува целокупниот развој на детето – не само јазичниот. Преку игра, движење и радост, децата ја развиваат својата когниција, социјалните вештини, самодовербата и љубопитноста. Токму затоа верувам дека „Хелен Дорон“ не ги учи само англиски, туку создава деца кои уживаат да учат и всушност тоа е најубавиот дел од мојата работа. Ова не е само придобивка за семејствата, туку и за целата локална заедница. Градот заслужува да има светски едукативни програми затоа што има силен потенцијал за развој на младите и голема потреба од современи, квалитетни методи на учење.
Образованието денес е клучот за светла иднина. За децата, тоа не е само учење, туку и откривање на светот, развивање на таленти и градење на вредности кои ќе ги водат низ животот. Со правилна поддршка и инспирација, секое дете може да стане најдобрата верзија од себе.





