Промовиран новиот анимиран серијал The Toothstars во „Синеплекс“

Пилот-епизодата од новиот анимиран серијал The Toothstars вчера беше промовирана во киното „Синеплекс“ во Скопје. Во рамките на серијалот ќе бидат развиени 13 епизоди од по 11 минути, а е развиен од InnovaRights & Licensing, партнерска компанија основана од DexyCo и „Светот на Биби“, специјализирана за создавање, лиценцирање и интернационализација на брендови за деца. Целосната продукција се реализира во Македонија од студиото за анимација Toon Motion Studios – креативниот тим кој стои зад содржините од „Светот на Биби“.
Серијалот Тhe Toothstars е осмислен така што лесно комуницира со меѓународната публика и истовремено содржи вредности и теми значајни за развојот на децата. На премиерата публиката ја виде пилот-епизодата и се запознаат креаторите и партнерите зад проектот.

Сподели