Широк Сокак се размрда: 1.200 гости на „Илинденски денови“ (Галерија)

Повеќе од 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и од Македонија ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена во следните неколку денови. Фестивалот трае вкупно 13 денови обединува 60 настани.

По традиционалното дефиле на Широк Сокак и изведбата на „Комитското“ на КУД Илинден од Битола, 53. издание на фестивалот „Илинденски денови“ го отвори потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

Сподели