Проектот „Шах во училиштата“ претставен во Њујорк

Проектот „Шах во училиштата“ имплементиран во Македонија во последните две години беше презентиран на конференција организирана на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Проектот како пример за применување на добрите практики и иницијативи ги презентираше Зоран Стојчевски од Шаховската федерација на Македонија. Тој престојуваше во Њујорк на покана на Фондацијата JWF, како претставник на нашата Федерација.

– На конференцијата се обработуваа теми, проекти за постигнување на целите за одржлив развој (sustainable development goals) дефинирани од Обединетите Нации. Половата еднаквост, социјална кохезија, социјална интеграција, борба против сите видови на дискриминација и зависности и пред сè развој на младите личности се клучните придобивки од овој проект – велат од Федерацијата.

На конференцијата учествуваа повеќе од 100 учесници со свои предавања и проекти од целиот свет. Со овој настан Македонија покажува пример за почитување на основните човекови вредности и се издигнува меѓу земјите со висока традиција во овој сегмент.

Сподели