Шест медали за Македонија на Иранската геометриска олимпијада

Два златни, три сребрени и еден бронзен медал е успехот со кој младите математичари од Македонија можат да се пофалат на Иранската геометриска олимпијада. Дамјан Давков освои златен медал во категоријата „Основно ниво“. Во „средно ниво“, олимпијците освоија златен медал (Никола Спировски), а сребрен медал освоија: Алексиј Тасиќ, Емилија Николовска и Никола Цветаноски.

Во напредно ниво најдобар резултат од нашите олимпијци имаше Давид Ставров кој освои бронзен медал.

Иранската геометриска олимпијада се одржа во ноември минатата година, а резултатите беа објавени подоцна.

Сподели