„Се гледаме во август“ е насловот на роман на Габриел Гарсија Маркес кој на 6 март беше прв пат објавен низ цел свет, а и на кај нас на македонски јазик. Делото беше објавено токму на датумот на раѓањето на легендарсниот колумбиски писател, во повеќе од 30 земји. За да стане реалност, најзаслужни се двајцата сина на Маркест – Родриго и Гонзало Гарсија Барча, како и уредникот Кристобал Пера.
Досега необјавениот роман на Маркес на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е издадена во рамките на едицијата „Современи класици“, во која има уште седум други дела на Маркес. Преводот на македонски е на Огнена Никуљски.
– Губењето на меморијата од кое страдаше нашиот татко во последните години беше, како што е лесно да се замисли, многу тешко за сите нас. Но, начинот на кој таа загуба ги намали неговите можности да продолжи да пишува со својата вообичаена строгост беше извор на очајна фрустрација за него. Еднаш ни рече, со јасноста и речитоста на голем писател: „Меморијата ми е едновремено и суровина и алатка. Без неа, нема ништо“.

„Се гледаме во август“ беше плод на еден последен напор да продолжи да твори, против сите ветришта. Процесот беше трка помеѓу перфекционизмот на уметникот и исчезнувањето на неговите ментални способности. Долгиот пат, со чекори напред и чекори назад, на многуте верзии на текстот, детално го опишува нашиот пријател Кристобал Пера, многу подобро отколку што ние би можеле тоа да го сториме, во белешките за ова издание. Во тоа време ја знаевме само конечната пресуда на Габо: „Оваа книга не ја бива. Треба да се уништи“ – велат синовите во предговорот.
– Не ја уништивме, туку ја оставивме настрана, во надеж дека времето ќе одлучи што да правиме со неа. Кога повторно ја читавме, по речиси десет години од неговата смрт, откривме дека текстот има многу вредности во кои може да се ужива. Вистина, не е толку исполирана како што се другите негови големи книги. Има одредени дупки и мали противречности, но нема ништо што може да спречи да се ужива во она што најмногу се истакнува во делата на Габо: неговата досетливост и способност за творење, поезијата на јазикот, раскажување што пленува, неговото разбирање на човечкото суштество и неговата љубов кон доживувањата и премрежињата, пред сè во љубовта. Љубовта, можеби главна тема во целиот негов опус. Кога оценивме дека книгата е многу подобра отколку што ја паметевме, ни падна на памет друга можност: тоа што му се губеа одредени способности и не му дозволуваа на Габо да ја заврши книгата, исто така, го спречи да сфати колку е добра. Во чин на предавство, одлучивме да го ставиме задоволството на читателите пред сите други размисли. Доколку тие решат да го слават, можеби Габо ќе ни прости. На тоа се надеваме – велат Родриго и Гонзало Гарсија Барча.





