Почина културологот Крсто Скубев

Во 71-та година од животот нè напушти Крсто Скубев, долгогодишен културен работник, раководител на секторот за маркетинг на Македонската опера и балет.
М-р Крсто Скубев е роден 1953 година во Радовиш, дипломиран продуцент на Факултетот за Драмски уметности – Скопје. Магистер по културологија (во книжевноста). Во културата е од „мали“ нозе. Член е на аматерски културно-уметнички друштва, долгогодишен член на АКУД „Мирче Ацев“, хорот на МРТВ, хорот на Операта на МНТ. Во МНТ работи од 1981 година.

Толкувал неколку актерски улоги во Драмата на МНТ, како и солистички делници во Операта. Од 1995 до 2007, а потоа од 2013 до 2016 г. работел како раководител на Секторот за маркетинг, документација и издавачка дејност во МНТ и во Македонската опера и балет, автор е на многу текстови како и на книгата „Од Моцарт до мобилните телефони“.

Сподели