Авион со транспарент „Се гледа корупција“ денеска два часа го надлетуваше Скопје. Граѓаните ја препознаа порката „(Од авион) Се гледа корупција“ и дадоа огромна поддршка на социјалните мрежи. Споделуваа фотографии, снимки со мобилни телефони, коментари дека Македонија 30 години е заглавена во корупција на секој чекор.
Акцијата ја спроведоа активистите од #kreativnaantikoprupcija.









