Директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ стана почесен делегат на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржа во Гелвеј, Ирска. Во конкуренција од 170 делегати од европските фестивали-членки на Асоцијацијата само 5 се здобија со оваа почесна функција. На најголемиот собир кој се одржа од 22 до 24 ноември присуствуваше културната елита од Европа а Фестивалот „Охридско лето“ стана една од најуспешните приказни кој ги негува културните високи уметнички дострели според европските и светските стандарди.

Во своето обраќање на 68-то Генерално собрание Поповиќ пред првите луѓе на ЕФА, претседателот Јан Бриерс, генералниот секретар Кетрин Девентер и делегатите ја истакна богатата фестивалска традиција на „Охридско лето“ во градот кој е духовен центар на македонската историја.

– Спојот на цивилизациска историја и сегашност е реткост и е цивилизациска придобивка што треба да продолжи и затоа е многу важно таа традиција да продолжи заедно со ЕФА. Секоја фестивалска вечер во црквата „Света Софија“, една од најголемите средновековни цркви од византискиот период, црква со ненадминлива акустика настапуваат врвни уметници од целиот свет. Секое лето градот Охрид, град под заштита на УНЕСКО, како културно наслество на светот, ги дочекува и испраќа најголемите имиња од современата светска уметничка елита во совршен спој на културата од пред Христа и денешната во 21 век. Град во земја во која се спојуваат повеќе култури и како вртлог на различни религии, наследства и сегашност“, рече Поповиќ.

Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) обединува над 100 фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето“ од 1994 година е значаен партнер на Асоцијацијата.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.