Филмот „Нема да бидеш сама“ на режисерот Горан Столевски ќе ја доживее светската премиера на големиот филмски фестивал „Санденс“ во јануари. Фестивалот синоќа ја соопшти веста, а извести и продуцентот „Фокус фичерс“. „Нема да бидеш сама“ е избран во светската компетенеција. Меѓу главните улоги игра и Сара Климоска. Во филмот глумат и: Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Верица Недеска и други.
Столевски е Австралијанец, со македонски корени.
– Уникатниот автор, едуциран во Австралија, го вклучува фолклорот од неговата родена Македонија во неговиот суперприродно долгометражно деби „Нема да бидеш сама“. Во овој филм тој го истражува родовиот и идентитетски прашања на начини какви што публиката никогаш не видела претходно – објави за него „Варајети“ неодамна.
Сара Климоска играше и во краткиот „Види ја ти неа“ на Столевски, што беше промовиран во 2017 година и ја освои награда за најдобар интернационален краток филм на фестивалот „Санденс“.





