Со два милиони денари почна реконструцијата на покривот на најпознатиот објект во Ресен – сарајот на Ахмед Нијази Бег, каде е сместен Домот на културата „Драги Тозија“. Ова е првата од предвидените две фази на реконструкција на објектот, информира Општина Ресен.
Реконструкцијата е предвидена во годишната програма на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола, а финансирана од Министерството за култура.





