Експерти од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид вршат санација на реконструираните праисториски објекти од локалитетот Плоча-Миќов град кај Градиште. Со активностите раководи конзерваторот Ванчо Димоски.
– Во следните месеци ќе се извршува континуирана обнова на сите оштетени делови од куќичките и огништата кои се презентирани во Музејот на вода – информираат од Заводот.

Музејот на вода лани привлекол најмногу туристи од сите евидентирани посети на Заводот и музеј, на локалитетите под негова надлежност. Од вкупно 98.812 туристи, Музејот на вода го посетиле 49.643 посетители.





