„Како до успешна мини слејт апликација“ е насловот на работилницата што ја организираат Министерството за култура и туризам – Канцеларија за Креативна Европа, во соработка со Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“. Работилницата ќе се одржи утре во 10 часот во Младинскиот културен центар.
Работилницата ќе ја водат хрватските експерти Тамара Бабун Зовко и Матија Дрниковиќ од продуцентската куќа Wolfgang & Dolly, кои имаат потврдено искуство во подготовка на апликации и имплементација на овој вид проекти.
По завршувањето на работилницата и на 28 август, продуцентите кои планираат да поднесат апликации во рамките на тековниот повик за Европски мини слејт развојни проекти (со краен рок за доставување на апликациите – 17 септември 2025 година) ќе имаат можност за индивидуални консултативни средби со експертите и со претставниците на Канцеларијата за Креативна Европа, одговорни за потпрограмата „Медиа“.
Сите заинтересирани, своето учество може да го пријават на електронските адреси: vladimir.stojcevski@ced.mk и natasha.dimitrievska@ced.mk





