Конкурс за годишната награда „Илија Жупаноски“ за борба против дезинформации

Во тек е конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјава. Ќе бидат доделени две награди – „Најдобар новинарски, односно стручен труд“ која изнесува 2.000 евра во денарска противвредност, и наградата „Едукативна мултимедијална содржина подготвена за млади од 18 до 28 години“ која изнесува 1.000 евра во денарска противвредност.

При оценувањето на материјалите предност ќе имаат оние материјали кои се однесуваат на дезинформации кои имаат висок капацитет за нанесување на штети во општеството, разоткриваат дезинформации кои се однесуваат на широкиот јавен интерес, односно засегаат голем број македонски граѓани, ги зголемуваат или доаѓаат до нови сознанија за проблемот со појавата на дезинформациите и нудат решенија за справување со проблемот итн.

Конкурсот е отворен до 1 октомври, се одржува вторпат а го организира Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“. Пријавите треба да се поднесуваат на info@metamorphosis.org.mk со назнака: За годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата.

Повеќе информации на линкот.

Сподели